Забава

Нинтендо најави мобилна верзија на познатата игра од деведесеттите “Mario Kart”

Долго време креаторите на познатата игра од деведесеттите “Mario Kart” најавуваа верзии и за другите платформи, и оваа година тоа дефинитивно ќе се оствари. Точниот датум сè уште не е познат, но се верува дека тоа ќе биде многу брзо и се очекува играта да ги сруши сите поранешни рекорди.

Првата верзија на “Mario Kart” е објавена во 1992 година со назив “Super Mario Kart” и беше игра што рушеше рекорди. Четири години подоцна се појави наследникот со име “Mario Kart 64” која постигна уште поголем успех од претходната и беше продадена во повеќе од 10 милиони копии.

Од Нинтендо најавуваат верзии за андроид и IOS и очекуваат со тоа да ги срушат рекордите кои ги постигнаа другите игри на Google Play и AppStore.

“Програмирањето на играта е во завршна фаза, очекуваме одлични реакции од фановите и се надеваме дека многу брзо играта ќе биде достапна за симнување”, изјавија од Нинтендо.

Слични написи

Најпознати филмски адаптации на книги од Стивен Кинг

Biba

Девет работи кои им се забранети на туристите во Италија

dart

Уметник низ стрип ја опишал бременоста на својата жена

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.