Наука

Како влијае еволуцијата на интелигенцијата во изборот на партнер

 

Истражување објавено во магазинот “Science” го потврдува тврдењето на Дарвин дека изборот на партнер за размножување придонесува за еволуција на интелигенцијата.

Истражувањето е спроведено од научници од Кинеската академија на науки и холандскиот Универзитет во Леиден. Научниците искористиле 34 папагали познати како тигрици за да испитаат дали интелигенцијата може да ги надвладее гласот и изгледот.

На женките им овозможиле да бираат помеѓу два слични мажјака и според количината на интеракцијата мереле кој мажјак им е помил. Постари истражувања велат дека женката секогаш го бирала примерокот кој пее поубаво, има поубав изглед и поживописни бои.

Научниците во новото истражување решиле примерокот што имал поедноставен изглед да го издресираат да може да отвора кутивче со храна. Додека вториот примерок со поубави и поживописни пердуви не добил таква дресура.

Потоа на женката ѝ било овозможено од својот кафез да ги следи и двата мажјака како пробуваат да ја отворат кутијата со храна.

Примерокот што се претпоставувало дека нема да биде избран затоа што немал убав глас и не бил со живописен изглед, не умеел да ја отвори кутијата, додека другиот мажјак успеал во тоа.

По завршување на експериментот е утврдено дека осум од девет женки поминувале време со мажјакот кој покажал поголема интелигенција, наместо, како што се претпоставувало, со примерокот со поживописен изглед.

Со други зборови, се докажало дека интелигенцијата помогнала во изборот на партнер и со тоа во подобрување на гените на следните генерации.

Сепак, ова истражување треба да се земе со резерва, поради тоа што е спроведено на само на еден вид животни. Светот на животните е голем и треба подетално да се испита ова тврдење и на останатите видови.

 

Слични написи

Зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом

dart

Минатата година океаните и морињата беа најтопли откако се врши мерење

admin

Во Египет е откриена мумија од свештеник стара 2500 години

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.