Наука

Во Египет е откриена мумија од свештеник стара 2500 години

 

На локација на древни гробови јужно од Каиро е откриена нова гробница во која бил закопан свештеник. Според испитувањата, мумијата што била пронајдена во гробницата е стара 2500 години.

Египтологот Захи Хавас и неговиот египетски тим откриле 3 запечатени саркофага од 26-тата династија.

Во еден од саркофазите имало добро зачувана мумија на високорангиран египетски свештеник, замотана во платно и украсена со златна фигура на египетската божица Изис.

Тимот ги отворил и останатите два саркофага, во кои имало мумија на жена украсена со сини монистри, а третиот саркофаг содржел мумија на постар човек за кој се смета дека е таткото на семејството во семејната гробница.

Откритието е објавено на Дискавери каналот.

Во гробница во провинцијата Минја откриена е и глава од восок.

“Никогаш не сум открил вакво нешто на локација од доцниот период”, изјави Хавас.

Тимот на археолози ја откри оваа локација пред една ипол година, и сè уште трае ископувањето.

“Мислам дека на оваа локација ѝ е потребно уште 50 години ископување за комплетно да се истражи”, рече Хавас за Ројтерс.

На оваа локација во 1927 година откриен е голем саркофаг од варовник кој е изложен во Музејот во Каиро.

 

Слични написи

Зошто комарците некого касаат, а некого заобиколуваат

dart

Како да се направи серум против змиски отров

dart

Новогодишна честитка од Марс

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.