Убавина

Детски козметички производи кои треба да ги користат сите жени

 

Добрите козметички производи за деца делуваат добро и на возрасните. Освен тоа што често пати се поповолни за купување, тие се и поблаги, а неретко и поефикасни.

  • Крема против осип. Ако имате проблеми со црвенило на кожата, иритации, лузни кои бавно зараснуваат и слично, обидете се со детска крема против осип. Многу е делотворна, а не создава нов осип.
  • Детска пудра. Ова е нешто што секоја жена треба да го има во својата козметика. Особено е добра за време на топлите периоди за кожата да ви остане мазна, но да не се лепи. Пудрата може да се користи и како шампон за суво миење на косата, затоа што добро ја впива маснотијата.
  • Детски лосион за тело. Ви здосадија ли лосиони кои не прават ништо конкретно за вашата кожа, таа и понатаму е сува, а освен тоа и леплива? Тогаш секако треба да пробате некој од детските. Тие доволно ќе ја нахранат вашата кожа за таа да остане мека и мазна.
  • Детски шампон за коса. Ако имате некаков проблем со косата или кожата на главата, пред да се одлучите за скапи третмани пробајте да го смените шампонот или купете некој детски шампон за коса. Сигурно ќе осетите разлика.
  • Детски креми со заштитен фактор. Сонцето може да ѝ наштети на вашата кожа, а детските креми со заштитен фактор добро ќе делуваат на неа, ќе ѝ пружат дополнителна заштита и добро ќе ја негуваат.

 

Слични написи

Кремите за лице со заштитен фактор го ублажуваат стареењето на кожата

Biba

Нега на кожата и на косата по сончање

Biba

Модни дизајнери кои ги знаеме по име, но не ни текнува како изгледаат

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.