Технологија

Големите руски планови за вселената

Руската вселенска агенција Роскосмос низ серија на видеа ги прикажа плановите за истражување на вселената и колонизирање на Марс.

Рускиот центар за вселенска медицина покрена експериментален програм наречен Selena-F кој ги проучува можностите за адаптација на човечкиот организам на условите кои владеат на Месечината. Главна цел на истражувањата е да се открие како човечкиот кардио-васкуларен и мускулно-скелетниот систем функционираат на Месечината, но и како гравитацијата на Месечината ќе влијае на самиот човек.

Директорот на Рускиот институт за вселенска медицина д-р Виктор Баранов, објаснува како работата на Институтот ќе помогне не само на вселенската медицина и психологија, туку и на изградбата на специјални оддели за престој на планетата.

На едно од видеата, научниците на Роскосмос даваат фасцинантни информации за плановите за колонизација на Месечината.

Д-р Игор Митрофанов ја објаснува важноста на водата која се наоѓа под површината на Месечината и руските планови за извлекување на таа вода. Д-р Митрофанов истакнува дека во смрзнатата вода на Месечината најверојатно постојат трагови од интерпланетарни и меѓуѕвездени материјали, и напомна дека истражувањето на таа вода може да придонесе во разјаснувањето на тајните на животот на Земјата. Понатаму нагласи дека водата е потребна за живот на Месечината, но и за погон на леталата во иднината.

Рускиот инженер го претстави планот за извлекување и на метали од тлото на Месечината кои би се користеле за 3Д принтање на делови кои би се употребиле при колонизирањето на Месечината.

Во видео записите е и снимката која дава прекрасен увид во деталите за руско-американскиот програм за враќање на планетата Венера.

Виктор Воронцов, шеф на проектор Venera-D, инаку работи за воздухопловна компанија која е специјализирана за производство на делови за ракети, дава детали за строгите барања на програмот. Програмот вклучува орбитални летала, специјални возила за слетување, како и атмосферски детектори кои можат да издржат и по неколку денови во лоши временски услови на Венера.

Слични написи

Објавена листата на најмоќни мобилни телефони

Biba

Милијардерот Ричард Бренсон ќе ја истражува светската мистерија – големата Сина Дупка кај Белизе

admin

SpaseX објави фотографија од првото суборбитално летало

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.