Здравје

Жената со 25 мигрени месечно успеа да најде решение за нејзината болка

 

Луѓето што имаат чести мигренозни болки знаат што сè поминувала Бет Франсис.Таа е морски биолог и воедно жена која има дури 25 мигренозни главоболки во месецот.

Од својата деветта година се бори со јаки главоболки, а во 2017 година ѝ е дијагностицирана хронична мигрена. Заради нејзината здравствена состојба, често деновите ги поминувала во својот дом, во затемнета просторија, со јака главоболка, заматен вид и вртоглавица. Кога ќе се појавеле главоболките, била принудена да зема боледување.

Но, решила еднаш засекогаш да се ослободи од мигрената.

Таа и нејзиниот партнер Ендру Кларк барале информации за тоа како може да се подобри нејзината состојба и успеале да дојдат до податок дека ладната вода може да ги олесни симптомите на мигрена. Затоа решиле да нурнат во водите на Северното Море.

Биле шокирани кога утврдиле дека пливањето во неговите ладни води ја спречиле јаката болка.

“Секогаш сме ја сакале природата, но мојата состојба нè спречуваше да се посветиме на уживање. Во 2017 година истражувавме за улогата на ладната вода врз намалувањето на екстремните главоболки. Отприлика една минута по влегувањето во ладната вода на Северното Море – болката ја снема. Бев шокирана од големото изненадување”, изјави Бет.

Таа вели дека не верувала дека болката не само што ќе се намали, туку и дека целосно ќе исчезне, и дека ова искуство ѝ донело олеснување и ѝ го сменило животот. Продолжила да ги пие лековите за мигрена и бројот на мигренозни напади во текот на месецот драстично се намалил.

По ова неверојатно откритие, решиле да снимат документарец за влијанието на ладната вода врз мигрената, да ги споделат своите искуства и да им помогнат на другите луѓе со таков проблем.

 

Слични написи

Колку е безбедно да се изеде храна што паднала на под

Biba

Десет изненадувачки ефекти за вашето тело од секојдневното пешачење

Biba

Престојување пред телевизор повеќе од 4 часа е штетно за срцето и крвните садови

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.