Автомобилизам

Audi TT ќе биде со 4 врати

Од базата на Ауди во Инглштат излегоа со информација за дизајнерски промени на моделот ТТ. Наместо досегашната верзија со 2 врати, следната верзија што ќе се појави за 2 години ќе се изработува со 4 врати.

За споредба, купе верзијата со 4 врати ќе биде со повеќе простор во внатрешноста, за разлика од верзијата со 2 врати. Претпоставките велат дека меѓуоскиното растојание ќе биде зголемено за 120 милиметри, ширината за 60 милиметри а должината за 290 милиметри.

Новата верзија на ТТ се очекува да има подобрување на MQB платформата и да биде достапен во комбинација на бензиско-хибридна варијанта, но очекувањата одат и до таму дека ќе се понуди и целосно електрична верзија.

Ривалите на новиот ТТ би биле Mercedes CLA и BMW серија 2 Gran Coupe.

 

Слични написи

Citigo-e iV е првиот електричен автомобил на Шкода

Biba

Mercedes-AMG G63 Yachting Edition на Carlex чини 329.000 евра

dart

Хибриден автомобил од милион евра на Koenigsegg

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.