Спорт

Пцостите на Инстаграм го чинеа Нејмар три меча неиграње

 

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Нејмар со три меча неиграње поради коментарите и пцостите напишани на Инстаграм, а поврзани со судењето на натпреварот помеѓу ПСГ и Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед славеше со резултат 3:1 на гости кај ПСГ во четвртфиналето на Лигата на шампиони, а Бразилецот не бираше зборови при коментирањето.

“Ова е срамно, ставиле четворица кои ништо не знаат за фудбалот да гледаат снимка. Немаше никаков пенал и како може да има пенал кога топката го удри играчот во грб. Еб..е се”, напиша Нејмар на својот инстаграм-профил.

УЕФА не простува вакви испади и убаво го “награди” фудбалерот со 3 меча паузирање, па така Бразилецот ќе ги пропушти првите три натпревари во следната сезона.

 

Слични написи

Roger Federer го освои својот 99-ти турнир во кариерата

admin

Реал со пораз во Истанбул

Biba

Меси е повреден! Моменти на страв во Барселона

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.