Автомобилизам

Волво го најави првиот електричен автомобил во текот на оваа година

 

Првиот продукциски Волво ќе биде базиран на моделот XC40 и ќе биде исклучиво електричен.

Волво е една од автомобилските компании кои електрификацијата на своите автомобили ја перципираат многу озбилно.  За тоа сведочи и планот кој вели дека до 2025 година половина од автомобилите кои ќе излегуваат од производствените погони ќе бидат електрични.

Во нивната филијала Polestar од самиот почеток беа свртени кон подготовката на првиот електричен автомобил кој ќе се базира XC40 , а на публиката ќе ѝ биде претставен до крајот на оваа година.

Сè уште отсуствуваат техничките детали за овој електричен кросовер, но се знае дека ќе биде заснован на CMA модуларната платформа и дека ќе биде поевтин од I-Paceна Јагуар.

 

Слични написи

Нова димензија на луксуз со BMW X7

admin

Си заминува легендарната Буба

admin

Aston Мartin го претстави моделот DBS 59

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.