Забава

Розово езеро – природен феномен во Австралија

 

Соленото езеро во Мелбурн, Австралија, секоја година во одреден период станува розово и привлекува илјадници туристи кои со нетрпение чекаат да се фотографираат покрај овој природен феномен.

Розовата боја на водата ја создаваат алгите на дното од езерото кои произведуваат црвен пигмет.

Но, феноменот не бил отсекогаш присутен тука. Вработените во Melbourne Westgate Park велат дека ова првпат се случило во 2012 година и оттогаш се повторува секоја година.

Посетителите, освен бојата на езерото, ја коментираат и миризбата на расипани јајца што се појавува.

Иако алгите не се штетни и опасни за животните што се околу и во водата, сепак надлежните ги предупредуваат посетителите да не доаѓаат во контакт со водата.

Розовата боја трае до доцна есен и потоа водата пак си ја враќа природната сина боја.

Кога станува збор за ваков феномен, ова не е изолиран случај во Австралија. Истото се случува и во езерата Crosby, Becking, Kenyon и Hardy, кои се наоѓаат во националниот парк Murray Sunset.

Низ светот, овој феномен на розова боја на водата во езерата го има и во некои делови на Шпанија, Канада и Сенегал.

 

Слични написи

Еротските желби на секој хороскопски знак

Biba

Родени се првите лавчиња од епрувета

admin

Најтоплиот ден во историјата на Австралија

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.