Технологија

Израелците испратија робот кој ќе ја истражува Месечината

 

Израелската компанија SpaceIL ја лансираше својата прва мисија на Месечината.

Ракетата Фалкон на SpaceX полета од Kејп Канаверал на Флорида, носејќи го израелскиот робот наречен Beresheet.

Доколку слетувањето биде успешно, тоа ќе биде првата приватно финансирана мисија што го допрела тлото на Месечината.

Ракетата на SpaceX ќе го однесе роботот до крајот на Земјината атмосфера, од каде што ќе го продолжи својот лет во наредните два месеци.

Beresheet чини 100 милиони долари, и по слетувањето на Месечината ќе врши фотографирање на околината и ќе ги испитува магнетните особини на природниот сателит на Земјата.

 

Слични написи

Робот изработен со помош на 3Д принтер научи да лизга

Biba

WhatsApp воведува дополнителна заштита со емаил верификација

dart

Huawei го презентираше преклопувањето на новата генерација – Huawei Mate Xs

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.