Забава

Најбараниот и најскап зачин на светот

 

Шафранот е најбараниот и најскапиот зачин на светот кој е познат и како “црвено злато”. Килограм од најквалитетниот шафран чини околу 3000 долари.

Расте во специфични услови и цвета само една недела во годината. Најдобро резултати дава кога е изложен на сонце и е посаден на суво, но богато тло. Се бере во одредено време, а за половина килограм зачин потребни се 80.000 цветови од оваа билка. На високата цена влијае и тоа што од самиот почеток, од жетва до сушење, се работи рачно.

Најпопуларен е шафранот од Индија и Шпанија, а луѓето во светот се подготвени и да платат за лековитите својства на овој зачин.

Старите Грци, Кинезите и Индијците го користеле шафранот за многу намени, од правење парфеми до правење лекови.

Истражувања покажуваат дека шафранот, меѓу другото, може да го подобри расположението, да ги намали симптомите на ПМС и да помогне при слабеење. Американските психијатри велат дека шафранот е најдобриот природен антидепресив, бидејќи не покажува несакани ефекти. Исто така е докажано дека ја намалува анксиозноста и депресијата.

Шафранот има интензивен мирис и е со малку горчлив вкус. Во продажба се наоѓа во мали пакувања.

 

Слични написи

Десетте најинтелигентни луѓе на светот

admin

Како изгледа еден обичен автомобилски отпад во Дубаи

Biba

Doctor Sauer Зoo Фест во скопската Зоолошка градина

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.