Автомобилизам

Шкода официјално ја покажа внатрешноста на новиот Kamiq

Веќе подолг период од Шкода ги држат љубителите на тивок оган со информации за претстојниот автосаем во Женева.

Иако уште минатата година го лансираа Kamiq на кинескиот пазар, европската верзија на најмалиот СУВ ќе биде сосема друга приказна.

Овој пат Шкода со официјална фотографија ја претстави внатрешноста на нивниот најмал нов СУВ Kamiq.

Внатрешноста е слична како и на моделот Scala со мали додатоци кои ќе го разликуваат Kamiq, и тоа екран осетлив на допир со големина од 10,25 инчи, лед светла, амбиентално осветлување, греење на управувачот, греење на предните и на задните седишта, како и греење на ветробранското стакло. Се очекува Kamiq  да доаѓа со богат пакет додатна опрема, но за тоа останува да почекаме Шкода да ги објави официјалните податоци.

Слични написи

Pininfarina PFО ќе има неверојатни 1900 коњски сили

Biba

Kласика и луксуз споени во мерцедес 600 пулман

Biba

Бентли го претстави Continental GT Speed – британскиот разурнувач

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.