Технологија

Првиот виртуелен концерт преку Fortnite

DJ Marshmello, како што го викаат Christopher Comstock, е првиот музичар што направил концерт во мегаиграта Fortnite и на него присуствувале 10 милиони верни играчи.

Концертот е одржан на бината на Pleasant Park која била видлива за играчите неколку дена, а скиновите и додатоците во ликот на DJ Marshmello го најавувале претстојниот спектакл цела недела.

Освен креаторите на Fortnite, за присуството на играчите и гледачите на виртуелниот концерт изненаден е и самиот DJ Marshmello.

Иако на почетокот се мислело дека виртуелниот концерт е составен само од ботови, DJ Marshmello изјави и покажа дека се работи за концерт во живо реализиран со техничка помош од Epic Games.

“Испишавме историја. Ова е првиот виртуелен концерт со милиони посетители. Ова е лудило и им благодарам на Epic Games”, напишал музичарот во својот твит.

Концертот беше направен перфектно, исполнет со светлосни ефекти, холограми, добра забава, а десетминутното видео е аплоудувано на YouTube.

Погледнете видеото од концертот и уживајте.

Слични написи

Претставен најголемиот автономен електричен товарен авион во светот

dart

Huawei подготвува 5G 8K TV за оваа година

Biba

Фејсбук го укинува софтверот за автоматско препознавање на лица

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.