Забава

Официјалната опрема на олимпијците од Јапонија ќе биде изработена од рециклирана облека

Компанијата за производство на спортска опрема “Asics” ќе почне со рециклирање на стара облека и од неа ќе ја изработува опремата за јапонските олимпијци и параолимпијци.

Јапонските олимпијци опремата ќе ја носат на Олимписките игри во Токио следната година, а од “Asics” се надеваат дека со кутиите поставени низ продавниците и спортските настани ќе успеат да соберат 30.000 парчиња облека.

Овој чекор на компанијата доаѓа во време кога модната индустрија е под притисок за употреба на рециклирани материјали заради заштита на околината и почитување на се повисоките еколошки стандарди.

Од “Asics” соопштија дека опремата ќе биде изработена од полиестер добиен од донираната и рециклирана облека. Останатите продукти добиени при рециклирањето на облеката, по одделувањето на полиестерот ќе бидат употребени како гориво за одредени процеси.

Модната индустрија исто така е под притисок и заради отпадот што го продуцира, а со тоа и на влијанието на климатските промени. Брендови како “Burberry” се на удар заради политиката на уништување на облеката што нема да се продаде како механизам за заштита од кражба и продавање по ниски цени.

Од Организацијата на обединети нации велат дека 10% од загадувањето го продуцира модната индустрија.

Слични написи

Најдобрите дестинации за љубителите на чоколадо

Biba

Иритирачки навики на презаљубените парови

dart

Култни филмови кои малку фалело да не бидат снимени

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.