Технологија

Ултразвучен преглед со iPhone

На овогодишниот CES саем за технологија, покрај големиот број технолошки достигнувања од многу компании, претставен беше и геџетот за iPhone за ултразвучен преглед со назив Butterfly Network iQ. Цената на овој додаток што ќе функционира на iPhone ќе биде 2000 долари.

Користењето е многу едноставно. Притиснете го на делот на телото што сакате да го скенирате и во реално време на iPhone телефонот ќе се појави слика со ист квалитет како на професионалните ултразвучни уреди во ординациите.

Овој уред, произведувачот го наменил за таканаречената телемедицина, што значи дека лекарот од оддалечено место ќе може да дава насоки на корисникот или медицинскиот техничар каде и што да скенира за да може да постави дијагноза, иако не е на местото каде што е пациентот.

Уредот ја доби дозволата од Агенцијата за храна и лекови (FDA), но засега само за професионална употреба само од страна на лекари.

Идејата на компанијата е да може во иднина секој да си направи преглед со ултразвук, нешто слично како што секој може да си измери шеќер во крвта.

Слични написи

Велосипед изработен од бамбус

Biba

Платформата Zoom со поголема сигурност за видеоповиците

Biba

Новото возило на Хјундаи со назив TIGER е наменето и за истражување на други планети

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.