Сцена

Ќе се снима нов серијал „Ѕвездени патеки“

Сер Патрик Стјуарт се враќа во „Ѕвездени патеки“. Телевизијата Си-Би-Ес објави дека Патрик Стјуарт повторно ќе ја игра улогата на капетан Жан-Лук Пикард од „Ѕвездени патеки: Следната генерација“.

Британскиот актер го потврди своето учество во продолжението. Новиот серијал ќе претставува следно поглавје од животот на Жан-Лук Пикард  и ќе го следи животот на мајсторот по настаните во “Star Trek: The Next Generation”. Сè уште не се знае неговиот наслов.

Жан-Лук Пикард е заштитниот знак и лик без кој „Ѕвездени патеки“ не би биле тоа што се.

Учествуваше во седум сезони на „Ѕвездени патеки: Следната генерација“ и го одигра ликот на Пикард во филмовите „Ѕвездени патеки: Вселенски генерации“ (1994), „Ѕвездени патеки: Првиот контакт“ (1996), „Ѕвездени патеки: Бунтот“ (1998), „Ѕвездени патеки: Одмазда“ (2002).

Слични написи

Бритни Спирс се повлекува од сцената

Biba

Со своите 56 години Деми Мур позираше гола за магазинот Harper’s Bazaar

Biba

Добитници на наградата Оскар за 2019 година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.