Сцена

Кира Најтли проговори за мајчинството

Пред три години актерката Кира Најтли стана мајка, и сега реши да проговори за мајчинството и за тоа колку е тешко да се биде мајка и да се одгледува дете.

“Живееме во свет во кој доминираат мажите и чувствувам одговорност да помогнам во создавање на свет во кој жените и мажите ќе бидат еднакви”, изјави Најтли.

По тој повод, британската актерка зборуваше за искуството да се биде мајка и за тоа дека воопшто не е лесно да се одгледува дете.

“Мислам дека жените не се почитуваат доволно заради менталниот и физичкиот маратон што го поминуваат при раѓање и одгледување на децата. Доаѓам од земја во која мајките се прилично привилегирани. Имам поддршка од системот, градам кариера и можам да си дозволам да одгледувам дете, а сепак ми е тешко. Во ред е да се каже тоа, во ред е да се признае дека жените секојдневно се борат со недостаток на сон, хормонални и милион други проблеми”, додава Најтли.

Слични написи

Музички легенди што ќе влезат во Rock ‘N’ Roll Hall of Fame во 2019

Biba

Принцот Хари и Меган Маркл ја купуваат вилата на Мел Гибсон?

Biba

Се подготвува нов филм за Боб Дилан

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.