Сцена

Мет Дејмон постави нов рекорд со купување на најскапиот стан во Њујорк

Глумецот Мет Дејмон (“Марсовецот”, “Борновиот идентитет”) купи пентхаус во Њујорк и за него даде дури 16,75 милиони долари.

Шестособниот пентхаус се наоѓа во Бруклин Хајтс, сместен е на 11-12 кат и има 1900 квадратни метри.

Уреден е многу луксузно, а покрај стандардните простории има и фитнес просторија. Исто така, на услуга му се и вратар и чувар во кој било период од денот.

Од прекрасниот стан има поглед на Статуата на слободата и мостот Вилбург.

Инаку, зградата датира од 1903 година и претставува највисок објект на таа локација.

Рекордот за најскап стан во Њујорк до сега го имаше познатиот фотограф Џеј Мејзел со 15,5 милиони долари.

Слични написи

Лејди Гага ја стартуваше својата козметичка линија Haus Beauty

Biba

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска е распродаден за кино дистрибуција на 28 територии низ целиот свет

admin

Добитници на наградата Оскар за 2019 година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.