Технологија

Huawei официјално го претстави Y7 Pro 2019

Y7 Pro 2019 е мобилен телефон од средната ниска серија на Huawei, базиран на Qualcomm Snapdragon 450 процесор, со двојна задна камера.

Опремен е со 6,26 инчен HD+ екран во 19:9 размер, осумјадрен Qualcomm Snapdragon 450 процесор, Adreno 506 графика, 3 GB рам меморија и 32 GB внатрешна меморија. Меморијата ќе може да се проширува со користење на SD мемориска картичка до 512 GB. Енергијата ќе му ја дава батерија од 4000 mAh.

Од задната страна опремен е со двојна камера во комбинација на главна од 13 MP и секундарна со 2MP. Селфи камерата е со сензор од 16 MP, а оперативниот систем е 8.1 Орео со комбинација на интерфејсот EMUI 8.2.

Очекуваната цена е 150 евра.

Слични написи

Производителите на автомобили решија да ја преземат набавката на чипови за потребната електроника

dart

Телескопот Хабл направи фасцинантна фотографија на спирална галаксија

Biba

Кинеската лунарна сонда Chang’e 4 слета на Месечината и ја испрати првата фотографија

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.