Технологија

4 милијарди долари инвестиција на Форд

Американската компанија Ford најави инвестиција во автономни возила. Инвестицијата и развојот ќе се спроведе преку новата компанија Ford Autonomous Vehicles LLC.

Ford ќе инвестира во развојот: компанијата планира да потроши околу четири милијарди долари до 2023 година, од кои една милијарда долари ќе се вложат во стартап фирмата AI Argo.

Генерален директор на Ford Autonomous Vehicles LLC ќе биде Шериф Маракби кој сега е потпретседател на Ford за автономни автомобили и електрификација. Маркаби има искуство со автономни возила, ја водеше програмата на Uber пред да дојде во Ford во 2017 година.

Ford заедно со службата за испорака на храна во Мајами и Мајами Бич спроведува пилот проект: беспилотниот миниван Transit Connect со специјални оддели за храна, доставува нарачки по домовите. Проектот се покажа релативно успешен.

Слични написи

Јапонските научници тестираат идеја стара два века

admin

Вселенскиот отпад од уништениот индиски сателит ѝ се заканува на Меѓународната вселенска станица

Biba

Футуристичка подвижна куќа која може да се движи на речиси секој терен

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.