Спорт

Реал со пораз во Истанбул

Во Истанбул, во натпреварот од петнаесеттото коло на Евро лигата во кошарка помеѓу Реал и Фенербахче, домаќинот ја однесе победата.

Со резултат од 65:63 Фенербахче ја оствари својата единаесетта победа по ред и четиринаесетта во оваа сезона.

Домашните кошаркари одлично го започнаа натпреварот и веќе по првата четвртина имаа десет поени предност, но Реал успеа да се врати во игра и на полувремето резултатот беше 32:32. Пред крајот на натпреварот фенерите имаа разлика од четири поени, која Реал упорно ја достигнуваше.

Победникот беше решен во последните 6,5 секунди со продорот на Луиџи Датоми и изнудувањето на слободни фрлања кои Италијанецот успешно ги реализираше и му донесе на Фенербахче победа.

Домашната екипа ја предводеше Датоме со 17 поени и 7 скокови, а кај гостите се истакна Руди Фернандез со 12 поени.

По завршувањето на натпреварот, Фенербахче и Реал Мадрид ги задржаа првите две позиции на табелата.

Слични написи

Му има ли спас на актуелниот Реал?

Biba

Барса со нови дресови

admin

Ѓоковиќ поразен од Зверев во финалето на Мастерсот во Лондон

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.