Вести

Музичката легенда Оливер Драгојевиќ почина

Утрово во една од болниците во Сплит, по едногодишно боледување од рак, почина Оливер Драгојевиќ.

Имаше 71 година и беше великан на хрватската и балканска музичка сцена.

Роден на седми декември 1947 година во Сплит, детството го поминал на Корчула во местото Вела Лука.

Прв пат како пејач настапил на само 14 години. Две години подоцна ја почнал својата професионална музичка кариера како пејач и клавијатурист во групата „Батали“.

Во својата кариера настапувал насекаде низ светот и е добитник на многу светски и домашни награди.

Настапувал во Карнеги Хол, во лондонскиот Ројал Алберт Хол, париската Олимпија како и во Опера Хаус во Сиднеј, Австралија.

Слични написи

Комплетна програма за летниот фестивал „Summerland” што се одржува во Градскиот парк

Biba

Анимацијата “Една” освои престижна награда на Филмскиот фестивал во Краков

Biba

Претстојниот Skopje Wine Expo 2019 нуди богата музичка програма

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.