Сцена

Кендал Џенер е најплатениот модел за 2018 година според Форбс

Кендал Џенер, една од сестрите Кардашијан, според Форбс е најплатениот модел во 2018 година. Таа оваа година успеала да заработи 22,5 милиони долари, со што ги престигна колешките Карли Клос и Жизел Бундхен.

Најголемиот дел од профитот на Кендал Џенер доаѓа од соработката со брендовите Adidas, Estée Lauder и Calvin Klein.

Иако таа е најплатениот модел, сепак не е најплатената во целото семејство Кардашијанови. Кајли со вртоглави 166,5 милиони долари е најплатената од сите сестри.

На второто место на листата на Форбс за најплатени модели е Карли Клос со 13 милиони долари, а третото место го делат Криси Тиген и Роузи Хантингтон со заработка од 11,5 милиони долари.

Слични написи

Кајли Џенер ја направи најлуксузната самореклама до сега

Biba

Бритни Спирс се повлекува од сцената

Biba

“Beautiful People” – долгоочекуваниот дует на Ед Ширан и Калид

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.