Автомобилизам

Brabus 700 4×4² Final Edition е идеалната G класа

Овој модел Brabus 700 4×4² Final Edition ќе биде произведен само во 10 примерока. Теренецот од 700 KS ќе чини “само” 209.000 евра.

Во Brabus веќе имаат искуство со преработка на новата генерација на бесмртната G-класа, сепак се навратија повторно и основата за овој доработен модел ја земаа од претходниот AMG G63.

Зад Brabus 700 4×4² Final Edition се крие доработен 5,5 литарски V8 biturbo мотор кој располага со 700 KS и 960 Nm вртежен момент.

Покрај големото забрзување од 0-100 km/h за 5 секунди, тука е и електронски ограничена брзина од 210 km/h. Специфично е и бесењето кое се подесува електронски и може да го крене возилото до 60 сантиметри од тлото.

Со четирите работни модови (comfort, sport, off-road, individal) со погон на двете осовини, заштитни панели, специјални гуми, блокада на диференцијалот, сигурно е дека ова возило нема да се најде во незгоди ситуации и дека ќе ги надмине сите препреки.

Слични написи

Електричниот прототип Polestar 5 доаѓа на Фестивалот за брзина во Гудвуд

dart

Последниот C7 Chevrolet Corvette ќе се појави на аукција во јуни

Biba

BMW M4 дрифта во рацете на 70-годишна жена

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.