Автомобилизам

Дел од божиќната понуда со ознака AMG – балансирачки велосипед

Се приближуваат новогодишните и божиќните празници и како и многу други компании, така и Мерцедес има подготвено цела палета подароци поврзани со автомобилите. Но, во случајов станува збор за нешто поразлично од автомобил. Се работи за посебно дизајниран балансирачки велосипед кој ја носи ознаката на мерцедесовата тјунинг компанија AMG.

Балансирачкиот велосипед достапен во црвена, бела и црна боја, е наменет за деца постари од 3 години. Седиштето е прилагодливо, а има 12 инчни тркала.

За најмалите има верзија наречена Bobby-AMG GT S заодувалка во боја на Mercedes AMG GT S, и има предни и задни лед светла.

Овие два модела се дел од божиќната колекција на подароци на Мерцедес.

Сетот на подароци опфаќа колекција за амбициозни играчи на голф, USB стикови, два модели на рачни часовници, сет на лакови за нокти, термоси и други подароци.

Слични написи

ŠKODA го претстави својот дизајн скици од новата OCTAVIA

admin

Подготовете го автомобилот за возење на ниски температури

dart

Официјална промоција на Toyota Yaris Cross

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.