Технологија

Јапонецот Акихико Кондо се ожени со холограм

Венчавката која неодамна се одржа во Јапонија, на која присуствуваа 40 гости, е многу несекојдневна и чудна.

Јапонецот Акихико Кондо реши да се ожени со холограмската пејачка Хацубе Мику и иако на венчавката присуствувале 40 гости, ниеден од нив не бил дел од неговото семејство.

За венчавката Акихико потрошил скоро 18.000 долари.

За тоа што неговото семејство и мајка му не присуствувале на венчавањето, тој изјавил:

“Мајка ми сметаше дека нема причина за славење и затоа реши да не присуствува на венчавката”.

А за неговата љубов кон сопругата, вели:

“Никогаш не сум ѝ бил неверен. Отсекогаш сум ја сакал”.

Иако тој ја заврши церемонијата и себеси се смета за оженет човек, бракот сè уште не е легален.

Компанијата која ги изработува холограмите му издала сертификат и потврда за венчавањето, на која е напишано дека Акихико Кондо и неговата сопруга се венчани над сите димензии.

Слични написи

Фејсбук го укинува софтверот за автоматско препознавање на лица

Biba

Првото израелско селфи од вселената

Biba

Xiaomi и Leica Camera се договорија за партнерство

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.