Спорт

Ѓоковиќ поразен од Зверев во финалето на Мастерсот во Лондон

Германскиот тенисер со руско потекло Александер Зверев го порази Новак Ѓоковиќ во финалето на ATP Мастерсот во Лондон со 2:0 во сетови.

Зверев по 1 час и 20 минути игра славеше во О2 арената со резултат 6:4 и 6:3, и со тоа го запиша својот најголем успех во кариерата.

Воедно стана и најмладиот тенисер кој го освоил Мастерсот, а приматот му го зема токму на Ѓоковиќ, кој го има од 2008 година.

До титулата Зверев дојде со победата против Федерер во полуфиналето и Ѓоковиќ во финалето. И во двата натпревари нема изгубено сет.

По изгубениот овогодишен Мастерс, Ѓоковиќ останува со своите 5 добиени Мастерси, и има еден помалку од Федерер.

Слични написи

Буфон на прагот на потпишување на договор со PSG

Biba

Рома заработи казна поради дискриминирачкото навивање против Наполи

Biba

Никола Карабатиќ заради операција ќе го пропушти СП во ракомет следната година

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.