Состојки:
25o г макарони по ваш избор
3 лажици маслиново масло
2 чешниња лук, ситно насечкани
1 помала главица кромид, ситно насечкана
340 г насечкани шампињони
сол и бибер по вкус
2 лажици брашно
2 чаши млеко
1 чаша изрендан пармезан
Подготовка:
- Макароните сварете ги според упатството, да бидат ал денте. Исцедете ги од водата и ставете ги настрана.
- Во тенџере на средна температура ставете ги маслиновото масло, лукот и кромидот и пржете додека да омекне кромидот, околу 2 минути.
- Додајте ги печурките и гответе уште пет минути. Ставете сол и бибер по вкус. Ако ви се чини дека смесата е премногу сува, додајте уште 1-2 лажици маслиново масло.
- Потоа додајте го брашното, убаво промешајте и гответе додека да добиете кашеста конзистенција, уште една минута.
- Потоа почнете полека да го додавате млекото и да ги разбивате грутчињата од брашно кои можеби ќе се направат. Гответе уште 5-7 минути со повремено мешање, додека да се згусне сосот.
- Тргнете го тенџерето од шпорет и додајте го изренданиот пармезан.
- На крајот, во тенџерето ставете ги сварените макарони и полека измешајте да се соединат сите состојки.
- Послужете ги макароните додека се топли и по желба декорирајте ги со насечкан магдонос.
На здравје!