Забава

Писмо од Алберт Ајнштајн продадено на аукција за 32.000 долари

Писмото на Алберт Ајнштајн напишано во 1922 година, каде зборува за своите стравови од порастот на антисемитизмот во Германија, десетина години пред доаѓањето на нацистите на власт, продадено е од израелската аукционерска куќа Кедем за 32.000 долари.

Во писмото, Ајнштајн вели:”Овде се подготвуваат економски и политички мрачни времиња. Можам да кажам дека сум среќен што сум во можност да си отидам од овде.”

Писмото триесет и двегодишниот Ајнштајн го пишувал на својата сестра Марија откако го напуштил Берлин и заминал во место што не се спомнува во писмото.

Она што е специфично со писмото е тоа што Ајнштајн десет години порано точно ги предвидел случувањата што следат.

Слични написи

Бил и Мелинда Гејтс купија куќа од 43 милиони долари во калифорнискиот Дел Мар

Biba

Концертна турнеја на најголемите домашни музички ѕвезди

Biba

Нов тренд кај младите – апстинирање од секс

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.