Да возите во папучи е опасно, но во одредени земји е и казниво. Во Грција практиката на возење во папучи се казнува со 50 евра, а во некои случаи и со одземање на возачката дозвола.
Возењето во папучи е забрането бидејќи може да доведе до проблеми со контролата на педалите пред возачот. Постојат студии кои велат дека возењето во папучи е поопасно од возење во потпетици, и папучите се виновни за над милион сообраќајни незгоди во светот.
Сообраќајната полиција во Грција покрај автопатите ги контролира и приодите до плажите и казнува за возење под дејство на алкохол, неврзување на појас и пушење во автомобил во присуство на деца.