Љубов и секс

Која е врската помеѓу домашните обврски и сексот

Неодамнешно истражување вели дека ако вие и вашиот партнер сакате добар секс, тогаш прво треба да се концентрирате на домашните обврски.

Иако звучи чудно, сепак велат дека е вистинито.

Во многу врски е нормално обврските во домот да се делат подеднакво меѓу двата партнери. Очигледно дека таа поделба функционира добро и се исплатува. Не од причина дека нема да се карате, туку затоа што од тоа може да профитира вашиот сексуален живот.

Од Универзитетот во Алберта испитале 1383 парови за тоа како ги распределиле домашните обврски и воедно го испитувале и нивниот сексуален живот. Резултатите покажале дека паровите што ги распределиле обврските рамноправно имале почест и позадоволителен сексуален живот.

Затоа не одете на бајачки, туку распределете ги домашните активности и соберете ги плодовите од тоа. Имајте возбудлив сексуален живот.

Слични написи

За голем број мажи бакнувањето со друга жена не се смета за изневерување

Biba

Вистината за сексот на средовечните жени

dart

10 знаци дека имате совршен сопруг

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.