Технологија

WhatsApp воведува дополнителна заштита со емаил верификација

Корисниците на социјалната мрежа WhatsApp наскоро ќе добијат дополнителен начин да ги заштитат своите сметки.

Станува збор за верификација со е-пошта, која очигледно е во фаза на тестирање, бидејќи некои корисници на WhatsApp беа замолени да ги потврдат своите сметки користејќи лични е-пошта. Засега бројот на вакви корисници е ограничен, но се очекува новитетот наскоро да биде достапен за сите.

Порано имаше извештаи за верификација на е-пошта, кои навестија дека тимот на WhatsApp работи на овој систем од август. Новиот метод за верификација има за цел да стане уште еден слој на безбедност за корисничките сметки, што ќе ја отежне кражбата.

Процесот на верификација е едноставен, само внесете ја вашата адреса за е-пошта и почекајте потврда во вашето сандаче.

Слични написи

Huawei Mate X доаѓа со нов чипсет и нови сензори на камерите

Biba

Lenovo Z5s и официјално со Snapdragon 710 процесор и тројна задна камера

Biba

Huawei Y6s со поголема интелигенција и обновен дизајн се појави и во Македонија

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.