Сцена

Брајан Меј открива дека Боемска рапсодија се создавал цели 10 години

За две недели премиерно ќе биде прикажан биографскиот филм Боемска рапсодија, кој раскажува за еден од најголемите рок бендови во историјата. Гитаристот на групата Брајан Меј открива дека создавањето на филмот траело цели 10 години.

Преку продукциски несогласувања, креативни разлики, откажувањето на Саша Барон Коен кој го напушти проектот заради различните гледишта за филмот од Брајан Меј, требаше да помине една декада за филмот да се направи како што треба и да кулминира со огромната премиера која ќе се одржи на Вембли Aрената на 23 октомври, веднаш до местото на кое се одржа легендарниот концерт на Квин – Live Aid во 1985 година.

Во интервју за The Mirror, Брајан Меј изјави: “Имаме само една шанса да го направиме филмот како што треба, ова е таа шанса”.

Тој самиот од почетокот не се согласувал да се снима филм за животот на Фреди Меркјури, но подоцна го убедиле.

“Долго размислував дали треба да се снима филм за животот на Фреди, бидејќи тој беше толку уникатен – но ако не го снимиме ние, друг ќе го направи тоа. А ние сакаме да бидеме сигурни дека ќе биде направен како што треба”, рече Меј.

Продукцијата на ова епско остварување започна 2010 година со идеи кои чекале реализација неколку години порано. Малек во улогата на Меркјури бил внесен во проектот подоцна, во 2016 година. Брајан Меј е апсолутно сигурен дека направиле добар избор одбирајќи го Рами Малек за главната улога, оддавајќи му признание дека многу инстинктивно ја одработил улогата на легендарниот Фреди.

Тој вели: “Малек инстинктивно ги пронајде сензибилитетот и несигурноста кои го движеа Фреди и со кои балансираше оваа моќна рок ѕвезда и иноватор со силна желба за живот”. И додава дека “никој не би можел да го направил тоа подобро од Малек”.

Боемска рапсодија ќе почне да се прикажува во кината на 24 октомври.

 

Слични написи

Кaко се снима филм со затворени очи: Сандра Булок за улогата во “Bird Box”

Biba

Ријана ја претстави својата нова колекција на долна облека

admin

Фронтменот на U2 пееше за бездомниците во Даблин

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.