Автомобилизам

Бентли го претстави Continental GT Speed – британскиот разурнувач

 

Најмоќниот Бентли до сега што може да се користи на јавни патишта се напојува со 6-литарски W12 мотор кој развива 660 КС и 900 Nm вртежен момент.

 

Бентли допрва треба да ја објави цената на Continental GT Speed, но тие со гордост истакнуваат дека нивниот последен четирисед е најмоќниот модел на патот во историјата на компанија која веќе го прослави својот 101 роденден.

 

Со најновото „масирање“ на 6-литарскиот мотор W12 потпомогнато од два турбо полначи, идните сопственици на најновиот „британски разурнувач“ можат да сметаат на 660 коњски сили и 900 Nm максимален вртежен момент, кој се дистрибуира на двете оски со помош на калибриран 8- брзински автоматски менувач со две спојки.

 

Со дополнителни 25 коњски сили (во споредба со стандардниот Conti GT), ултра луксузното купе на Бентли од 0 до 100 km/h пристигнува за 3,6 секунди и развива 335 km/h, што е извонреден резултат за автомобил долг 4,85 метри со тежина од 2.273 килограми.

 

Фотографиите од ентериерот на автомобил монтиран на ексклузивни тркала од 22 инчи зборуваат погласно од сите зборови.

 

Слични написи

Валхала е името на новиот хиперавтомобил на Астон Мартин

Biba

Форд Македонија со нов дом по премиум стандарди

admin

Претставен е новиот Seat Leon

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.