Наука

Кај Нов Зеланд пронајдени ајкули кои светат во темно

 

Научниците тврдат дека откриле три вида ајкули кои живеат во водите на Нов Зеланд, кои светат во темно.

Ајкулите се пронајдени на дното на океанот источно од Нов Зеланд, а една од нив може да порасне и до 180 см. Овие се веќе познати видови, но феноменот на биолуминисценција е потврден за прв пат во нивниот случај.

 

Многу морски животни, како и некои инсекти, произведуваат своја светлина и ова е првпат феноменот да се утврди кај големи ајкули.

Научниците рекоа дека ајкулите имаат осветлен стомак и дека илјадници фотофори, клетки кои произведуваат светлина во кожата, им го дозволуваат тоа.

Споменатите ајкули живеат во „зоната на самракот“, односно на длабочина помеѓу 200 и 1.000 метри.

Слични написи

Нов начин на сметање на староста на кучињата

Biba

Најелектричното место на Земјата

Biba

Поголемиот дел од бебињата родени во Англија и Велс во изминатата година, ги родиле немажени мајки

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.