Автомобилизам

Фолксваген објави тизер за редизајнираниот тигуан

Тигуан е многу важен модел за Фолксваген и е најпродаваниот модел на глобалниот пазар, а сега германскиот гигант планира да го освежи и пушти тизер по тој повод.

Детали за редизајнираниот тигуан досега има многу малку. Издаде закачка за нов СУВ кој прикажува нова предна маска. Тековната шестоаголна решетка и ЛЕД светла се со иста должина, но обновениот модел ќе има потенки и поагресивни светлосни елементи и подлабока решетка на ладилникот. На предната страна е редизајнирано логото на компанијата.

Новиот тигуан, исто така, ќе има нов систем за инфотеинмент наречен MIB3, за кој не знаеме многу, но познато е дека поддржува on the air надградби и Wi-Fi конекција. Исто така, се очекуваат некои промени во ентериерот, вклучително и нов управувач и веројатно подобри материјали.

Фолксваген најави дека новиот тигуан ќе изгледа поспортски, особено со верзијата R-Line.

Како и досега, погонот на сите 4 тркала ќе биде опција.

Фолксваген летово ќе започне со продажба на освежениот тигуан во Европа.

Слични написи

Топ 11 највлијателни автомобили кои ја сменија автомобилската индустрија

Biba

Најпромашените автомобилски дизајни до 2018 година

Biba

Тојота го извади на улиците на Европа својот прв самовозечки автомобил

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.