Вести

Скопската Зоолошка градина подготвува нова детска содржина – „Авантура парк“

 

На пролет, Зоолошка градина Скопје ќе биде збогатена со уште една содржина која ќе ги анимира најмладите посетители. За првпат кај нас ќе се изгради детски „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца.

 

 

„Сакаме Скопје да го има овој парк. Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички паркови во природа. Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик – лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност. Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа. „Авантура парк“ ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт, а со директорот Дарко Каевски и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, одлучивме бесплатно да го отстапиме на сите основни училишта во делот на физичкото воспитување за деца од 6 до 15 години. Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот“ – изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

 

 

 

Слични написи

Отворено е првото Роса школо за родителство

admin

„Звуците на културата“ по вторпат во општина Ѓорче Петров

Biba

Претстојниот Skopje Wine Expo 2019 нуди богата музичка програма

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.