Технологија

Постигна ли Гугл квантна надмоќ?

 

Според изјавата од Гугл која беше објавена во Financial Times, а ja пренесоа многу агенции, можеби сме на прагот на револуција на компјутерите.

Од Гугл изјавуваат дека нивниот квантен компјутер извел калкулации кои воопшто не се можни ни со најјаките суперкомпјутери, што наведува на т.н. квантна надмоќ.

Чудно е тоа што објавениот труд за квантниот компјутер на Гугл мистериозно е повлечен од серверот каде што бил објавен.

Доколку сево ова е вистина, тоа ќе значи пресвртница на сите полиња од науката, развој на нови материјали, вештачка интелигенција, промени дури и на полето на енкрипцијата.

Меѓу другото, би овозможило расчленување на огромните броеви за многу кратко време. Она за што на суперкомпјутерите им беше потребно години да го направат, на пр. пробивање на комплексни и големи лозинки, на квантниот компјутер на Гугл би му требале само неколку минути.

Во целава оваа ситуација сомнително е тоа што како што изјавуваат од Гугл – документацијата ја имаат поставено на серверите на НАСА, но по одредено време мистериозно е повлечена од необјаснети причини.

Затоа останува да почекаме за официјална потврда од Гугл и за официјално презентирање на целиот систем.

 

 

Слични написи

Во САД за првпат се испорачани лекови со помош на дрон

admin

Апликацијата Клубхаус го привлекува интересот на обожавателите на социјалните мрежи, а ја користи и Елон Маск

dart

Портрет насликан од вештачка интелигенција

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.