Вести

Претстојниот Skopje Wine Expo 2019 нуди богата музичка програма

 

Традиционално, во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал под покровителство на град Скопје.

Од 26-28 септември на плоштадот „Мајка Тереза“ пред платото на МОБ посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови.

На „Skopje Wine Expo” ќе настапат доајените на македонската музичка сцена – Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација Брас Брадерс, српскиот поп-бенд Тропико, Слаткаристика, најпознатиот бугарски продуцент Криско како и бугарскиот пејач Графа, групата Нокаут, македонскиот рок-бенд кој постои речиси 3 децении – Ареа, Александра Јанева и Марко Логаут со специјалниот проект – Тоше Проески Трибјут, Либеро Бенд и Ксмет Оркестар со after work забави, Амон Мра, Дј Оки Доки, како и најдобриот real tribute на Бијело Дугме.

Влезот како и секоја година е бесплатен за сите посетители.

 

 

 

Слични написи

Заживеа првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

Biba

„Роса школо за родителство“ во Струмица

admin

Прекрасен свет ви ги честита велигденските празници

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.