Автомобилизам

Ferrari F8 Spider – полесен и појак од своите претходници

 

Шест месец откако од Маринело го претставија F8 Tributo, ја претставија и кабриолет верзијата на нивниот новитет F8 Spider, кој треба да е наследник на 488 Spider.

За подигање и спуштање на кровот се потребни само 14 секунди при брзина од 45 км/ч.

 

 

Го придвижува централно сместен 3,9-литрен biturbo V8 мотор кој располага со 720 коњски сили и вртежен момент од 770 њутн метри.

Поаеродинамичниот, посилниот и полесниот од претходникот 488 Spider, Ferrari F8 Spider од 0-100 км/ч постигнува за 2,9 секунди, а максималната брзина му е 340 км/ч.

Масата на овој тркач е 1400 килограми.

 

 

Силата на моторот се пренесува на задните тркала преку автоматски менувач со 7 степени на пренос.

Од Маринело најавуваат дека понудата на “open air” автомобили наскоро ќе ја збогатат со моделот 812 Superfast.

 

 

 

 

Слични написи

Валхала е името на новиот хиперавтомобил на Астон Мартин

Biba

McLaren Speedtail со цена од 1,97 милиони долари

admin

Освежениот AUDI R8 со агресивен изглед

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.