Автомобилизам

Ауди го претстави новиот RS 6 Avant

 

Ауди одбележува 25 години од претставувањето на првиот нивен автомобил со ознаката RS и во склоп на манифестацијата ја покажаа најновата верзија на тркачот со семеен дух, RS 6 Avant.

 

 

Овој пат RS 6 Avant ќе биде понуден и на купувачите на северноамериканското тло. Овој автомобил ќе се испорачува со 4-литрен V8 мотор со 591 коњски сили и вртежен момент од 800 њутн метри.

За пренос на силата на моторот се користи автоматски менувач со 8 брзини на пренос. Забрзувањето на овој убавец од 0-100 км/ч е за само 3,6 секунди и постигнува електронски ограничена брзина од 250 км/ч.

 

 

Купувачите кои ги фрустрира електронското ограничување од 350 км/ч, имаат опција да докупат Dynamic или Dynamic Plus пакет, со кој брзината се зголемува на 280 или 305 км/ч.

Во богатата стандардна опрема е и адаптивното воздушно бесење, што овозможува дополнително спуштање на автомобилот за 3 сантиметри.

 

 

Цената сè уште не е позната, а продажбата се планира за првиот квартал од следната година.

 

 

Слични написи

Porsche го претстави Cayenne Coupé

Biba

Сè поизвесно е појавувањето на SUV од Bugatti

Biba

Уникатот на Lamborghini, моделот SC 18

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.