Забава

Маратонец со трчање создава сложени уметнички дела

 

Трчањето не е едноставна работа. Треба да се одбере вистинската патека, да се направат сите подготовки и да се истрча до крај.

Американецот Лени Моон реши маратонското трчање да го подигне на едно сосема ново ниво: со трчање прави своевидни уметнички слики. Трча по предодредени рути и и со тоа ГПС уредот исцртува контури на познати симболи и слики. Тоа го прави веќе четири години и има мапирано голем број на “уметнички” дела. Од наједноставното како облик на срце, до контурите на лицето на Фрида Кало, за кој Моон истрчал 46,5 километри, што е повеќе од далечината што се трча за еден маратон.

 

 

“Не планирав да се занимавам со ова, но кога апликациите за трчање станаа популарни, почнав да забележувам фигури и облици во контурите од исцртаните рути. Така започна целата приказна”, вели Моон.

 

 

 

 

 

Слични написи

Принцот Џорџ наполни 5 години

Biba

Kudadoo, најдобриот луксузен ресорт на светот

Biba

Првиот мјузикл за деца во Македонија

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.