Вести

Во четврток започнува фестивалот „Summerland” 2019

 

Оваа година за  првпат во Скопје ќе се одржи фестивалот „Summerland” 2019.

Од 04.07 – 28.07 во срцето на Градски парк со главна бина на Школка, секојдневно ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти. Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во склоп на фестивалот ќе има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои ќе го направат летото во Скопје незаборавно.

Отворањето на „Summerland” е во четврток (04.07), а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00 – 00:30. Летната забава на Школка во четврток ќе започне со групата „Нокаут“, а викендот е резервиран за трибјут настапи – во петок ЕКВ, Бијело Дугме Трибјут и  Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, во сабота и недела пак странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер, и Ајрон Мејден и Металика.

Фестивалот „Summerland” е под покровителство на Град Скопје.

 

Слични написи

Музичката легенда Оливер Драгојевиќ почина

admin

Скопската Зоолошка градина подготвува нова детска содржина – „Авантура парк“

admin

Петто јубилејно издание на извонредното музичко доживување “Мала Италија патува”

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.