Технологија

Сметките на WhatsApp на мета на хакерите

WhatsApp е платформа за комуникација која ја користат 1,5 милијарда корисници низ светот и за многумина претставува примарна или една од најважните комуникациски апликации. Затоа е важно тие да бидат сигурни. По сè изгледа дека проблемите со компаниите на Марк Цукерберг не стивнуваат. Основачите на Инстаграм ја напуштија компанијата, по што мрежата беше недостапна еден краток период. А сега веќе се појавија и проблеми со WhatsApp, хакирање на сметки и проблеми со безбедноста.

Последниот проблем со платформата WhatsApp ја откри израелската влада, после голем број поплаки за крадење на сметки на граѓани на Израел, корисници на WhatsApp.

Хакерите ја користат веќе познатата метода на преземање на сметки од минатата година, за која е потребно и малку среќа. Принципот кој го користат хакерите е следниот: по инсталирање на апликацијата на уредот, хакерите користат број на пријател кој го наоѓаат во именикот од телефонот, и на тој број побаруваат код кој се праќа со СМС. Тука настапува и параметарот среќа. Корисникот на уредот на кој е побаран кодот треба да не е во близина на уредот, па за поголема успешност хакерите го прават ова преку ноќ кога генерално поголемиот дел на корисници спијат. После неколку неуспешни обиди за кодот, WhatsApp применува метода на гласовна верификација, па го повикува сопственикот и го изговара кодот. Ако сопственикот на уредот не може да одговори на повикот WhatsApp остава гласовна порака со кодот. Бидејќи голем број од корисниците на уредите користат лозинки од типот 0000 или 1234, а голем дел од телекомите дозволуваат проверка на гласовната пошта од далеку, многу е лесно хакерот да пристапи до кодот за активација и така да ја преземе корисничката сметка на WhatsApp.

Оваа метода не бара големо техничко знаење ниту опрема и последниов период многу се користи во Израел, каде што на овој начин се преземени голем број кориснички сметки. За поголема безбедност се препорачува користење на двојна автентификација и промена на пинот во покомплициран за оние што користат гласовна пошта.

Слични написи

Што ќе се случи ако во авион не ја вклучите опцијата „авионски режим“?

admin

Вселенски туризам со Елон Маск

admin

Секс-играчка освои награда на Саемот за технологија, но организаторите решија да ја повлечат

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.