Автомобилизам

Сексот и првото авторадио

Идејата за авторадиото е стара скоро 90 години, а за тоа се заслужни американците William Lear и Elmer Wavering.

Кон крајот на дваесеттите години на минатиот век, поточно 1929 година, младите Американци ги сакале возењата низ мрачни неразгазени патишта кои најчесто завршувале со страсни прегратки и бакнувања на младите парови. Тоа го практикувале и неразделните пријатели William Lear и Elmer Wavering со нивните девојки, но многу често им се чинело дека сепак нешто недостасува. Една вечер додека се дружеле, една од девојките рекла дека би било прекрасно кога во автомобилот би можеле да слушаат музика. Идејата им се допаднала на William и Elmer и почнале да размислуваат за тоа како да вградат радио во автомобилот.

Започнале проект, а патот бил долг и трнлив. Иако замислата изгледала едноставна, да се направи такво нешто пред 90 години било ни малку едноставно.

Во прилог им одело само тоа што сите имале радио уреди во домовите, па ракувањето не им било непознато.

Проблемите ги решавале еден по еден, и кога успеале и вградиле радиоуред во автомобилот, решиле својот подвиг да го претстават на Радискиот собир во Чикаго, каде што го запознале Paul Galvin – основачот на компанијата Motorola. Му го презентирале својот изум, му се допаднал, и им овозможил простор во фабриката каде што ќе можат да го усовршат авторадиото.

Оттогаш, авторадиото преку Motorola станало составен дел на секој американски автомобил.

Слични написи

BMW M5 G-POWER ѕвер од 800 КС

admin

Изненадување за Ферари на самиот почеток на Формула 1 натпреварувањето

Biba

Nissan Navara-R развива 1.000 КС

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.