Автомобилизам

Потврдено е доаѓањето на новиот модел на Тесла

 

Илон Маск и Тесла се познати по своите револуционерни и научно-фантастични дизајни на возила.

Најново нешто од “кујната” на Тесла е Cybertruck, а за негова презентација е искористен култниот филм Blade Runner. Како датум за појавување е наведен 21 ноември и тоа во фабриката на SpaceX, недалеку од Лос Анџелес.

Како и за model 3 за кој Илон Маск даде ветување дека ќе биде подобар од BMW 3, така и за овој електричен камионет Маск ветува дека ќе биде подобар од познатиот F-150 на Ford, кој е најпопуларниот и најпродаваниот камионет во историјата. Тој не застанува на тоа, туку вели дека на пат ќе биде подобар и од Porsche 911.

Во него ќе може да се сместат шест лица и ќе има радиус на движење од 800 километри.

Цената ќе му биде 50 000 долари.

 

 

 

Слични написи

Уникатот на Lamborghini, моделот SC 18

admin

Volkswagen Комерцијални возила го претстави електричниот транспорт од иднината

Biba

Dodge Challenger со 1050 коњски сили

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.