Убавина

Не е сеедно дали ја миете косата наутро или навечер

Миењето на косата е едноставна рутина за убавина која повеќето луѓе ја прават навечер, бидејќи тогаш имаат повеќе време за сушење и стилизирање.

Иако многумина мислат дека не е важно дали ќе ја мијат косата наутро или навечер, експертите тврдат дека не е исто и откриваат која рутина е поздрава. Како што пренесува Инсајдер, доколку ја миете косата пред спиење, можеби сте забележале дека станува помрсна и морате почесто да ја миете.

Експертите велат дека тоа е само привидно затоа што за време на спиењето се притиска на перницата, па се израмнува, односно го губи волуменот и затоа изгледа како залепена. Сепак, оваа загуба на волумен е доволна причина повторно да се мие на секои два дена, што во никој случај не е здраво.

Колку и да мислите дека сте ја исушиле целосно, таа ќе остане малку влажна, а влажната коса е многу почувствителна од сувата и полесно се крши. Краевите се заплеткуваат и се двојат, а наутро се будите со лоша и неуредна фризура, па трошите многу време за стилизирање.

Затоа, утрото е многу подобро време за миење и обликување на косата.

Слични написи

Нега на сува и дехидрирана коса

dart

Што значат натписите на шампоните?

dart

Како да имате мазни и убави нозе ако користите брич

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.