Љубов и секс

Колку луѓе имаат вонбрачни врски?

 

Во едно истражување кое било направено пред 40 години во САД, се покажало дека 50 % од Американците до својата четириесетта година имале една или повеќе вонбрачни врски. За жените, тој процент во тоа време изнесувал 26 %. Новите истражувања покажуваат дека денес жените се подеднакво склони кон изневерување како и мажите. Тоа посебно се однесува на помладите и вработени жени.

Меѓутоа, овие податоци не се сосема точни. Имено, луѓето ги прашуваат за неверствата само на одредена возраст во животот. Не можеме да знаеме колку од оние кои изјавиле дека во моментот немаат вонбрачна врска, ќе ја имаат подоцна (можеби уште утре).

Има ли разлики во вонбрачните врски на мажите и на жените?

Барем кога се работи за Американците, мажите се посклони да се впуштат во вонбрачна врска и тоа повеќе пати. Но, за нив тоа не значи дека се незадоволни од својата жена или пак од односите во бракот. Од друга страна пак, жените имаат само една вонбрачна врска и обично се мотивирани од љубопитство. Но, таквата врска кај жените има поголеми шанси да прерасне во вистинска љубовна приказна.

Сексот обично не е главен мотив за неверство. Осаменоста, желбата за емоционална возбуда и доказ дека не сме остареле и дека сме (сè уште) привлечни, се почести причини за изневерување на партнерот. Многумина бараат уште еден партнер бидејќи им недостасува друштво, а често и чувство дека некому значат нешто посебно.

Прељубници и заводници

Во истражувањата е тешко да се раздвојат личностите кои постојано имаат вонбрачни врски од оние на кои тоа им се случило само еднаш и траело многу кратко. Но, очигледно е дека станува збор за многу различни луѓе.

Кога се работи за мажите, психологот Питман разликува прељубници и заводници. Прељубниците обично имаат само една вонбрачна врска и таа најчесто им се случува за време на некоја криза – не го добиле очекуваното унапредување на работа или сопругата им е многу зафатена. После тоа обично чувствуваат голема вина.

Заводниците опсесивно и постојано освојуваат различни жени и тоа го кријат од своите сопруги. Тие обично тврдат дека имаат силен сексуален нагон и желба за различни сексуални искуства. Меѓу оженетите мажи кои изневеруваат, околу 20 % се вистински заводници, вели Питман. Овој тип на изневерувачи понекогаш и се разведуваат, за разлика од оние верните кои ретко се разведуваат. Психотерапевтите тврдат дека ваквите мажи всушност не ги сакаат ниту жените ниту сексот. Тие на жената гледаат како на непријател чија контрола треба да ја избегнат, а себе се гледаат како вистински мажи кои се во состојба да манипулираат со жената и да ја изневерат. Всушност, она што тие најмногу го сакаат е моќ и чувство на супериорност.

 

Слични написи

Размена на партнери – начин како да ја зачините страста

dart

Што значи да се биде пансексуалец и во што се разликува од бисексуалец

Biba

Осум изненадувачки начини на кои жената може да забремени

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.