Технологија

Кинезите претставија уште едно технолошко чудо

 

Кинезите не престануваат да изненадуваат со нивните техничко-технолошки достигнувања. Секојдневно сме сведоци на најневеројатни подвизи што ги постигнува кинеската индустрија.

Едно од тие достигнувања е тунел што кинеските градители го изградија на неверојатна висина од 4 750 метри, на Тибетанската планина Мила.

Имено, станува збор за тунел кој е дел од автопатот со должина од 400 километри и го поврзува регионалниот главен град Ласа со југоисточниот дел на Тибет. Тунелот со кој се скратува патувањето за 12,3 километри и воедно го прави патот побезбеден, е со должина од 5,7 километри.

Според одговорниот за изградбата на тунелот, при неговото градење постигнати се дури 10 технолошки подвизи, а еден од нив е пробивање на тунелот во екстремно ладни услови и на екстремна висина. При градењето, 2000 работници се соочиле со многу предизвици од кои екстремниот студ и недостатокот на кислород биле најголеми.

Конструкцијата на тунелот беше почната во 2015 година, а заврши оваа година и официјално за сообраќај беше пуштен во петокот, на 26 април.

Погледнете ги сликите и видеото за процесот на градење на неверојатниот тунел.

 

 

Слични написи

Првиот виртуелен концерт преку Fortnite

Biba

Роверот на НАСА на Месечината откри големи количини на метан, гас кој на Земјата го произведуваат живите суштества

Biba

Футуристичка подвижна куќа која може да се движи на речиси секој терен

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.